Нашиот блог

Совети за штедење на електрична енергија

Со текот на времето, електричната енергија станува поскапа и понедостапна. Со штедењето на електрична енергија постигнуваме две многу важни цели: Ја чуваме животната околина и заштедуваме пари.

Имено, знаеме дека електричната енергија како е ограничен ресурс и цел на секој од нас треба да биде зачувување на животната околина. Со тоа се грижиме не само за нашата благосостојба, туку и за иднината на следните генерации.

Дополнително, соочени сме со т.н. светска енергетска криза која низ целиот свет многу ги покачи цените на електричната енергија. Со тоа, се намалува куповната моќ на секое домаќинство и поединец. Сега штедењето на електричната енергија е попотребно од било кога.

Во продолжение неколку совети за штедење на електрична енергија:

 

  • Користите тајмери за вклучување во време кога струјата е најефтина и сензори за светло кои се палат само кога е некој присутен.
  • Спуштете ги ролетните на прозорците или спуштете ги завесите со цел да го намалите одлевањето на топлина во текот на ноќта. Загревајте ги само просториите во кои престојувате.
  • Инвестирајте во прозори со висока изолација
  • Добрата изолација на ѕидовите е исплатлива инвестиција. Може да заштеди 30% од енергијата
  • Изгасете го светлото кога излегувате од собата
  • Користете сијалици со различна јачина за различни потреби
  • За надворешното осветлување користите фотоќелии кои се палат само кога ќе се појави некој или сијалици на сончева енергија
  • Користете експрес лонец бидејќи тој го намалува времето на готвење од 1 час на 10 минути
  • Експрес лонецот штеди енергија, време, пари и ги чува хранливите состојки во храната
  • Не ставајте топли јадења во фрижидерот.
  • .Не го поставувајте фрижидерот пред радијатор, шпорет и други извори на топлина бидејќи на фрижидерот ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура.
Яна Арабаджиева

Яна Арабаджиева

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Pellentesque malesuada lectus lacus, id consequat ante tincidunt et. Integer eros nunc, porta sed sapien quis, viverra fermentum sem. Vivamus in ante mauris. Phasellus leo erat, tristique ut urna non, cursus porttitor sem. Cras sit amet neque nulla.

Препорачани објави

Износ: 40,000 денари
Рок: 6 месеци