Регистрирај се
Гарантираме дека одговорно ќе ги чуваме Вашите податоци и Вие ќе бидете меѓу првите известени во врска со сите наши новитети и активни кампањи.
Нашата цел е да обезбедиме највисоко ниво на доверливост и безбедност на личните податоци на посетителите на нашата веб-страна.
Овие правила за заштита на личните податоци ги објаснуваат начините преку коишто ги заштитуваме личните податоци на нашите посетители,
како и сите информации коишто ни се доставени. Правилата за приватност можат да бидат дополнувани или менувани со специфични услови кои
имаат поврзаност со веб-страната.
Го задржуваме правото да побараме дополнителни документи при разгледување на барање за кредит.
Податоците кои ќе ни ги доставите ќе бидат запишани електронски и може да се користат за следниве цели:
Сите податоци кои ги оставаат посетителите на нашата веб-страна или ги даваат преку директна комуникација на нашите вработени, ни овозможуваат да обезбедиме корисни информации во врска со нашите производи или услуги. Сите обезбедени податоци може да се користат за исполнување на договорните обврски помеѓу страните. Доколку направиме одредени промени на веб-страната, податоците што ги давате може да се користат за да Ве информираме за таквите промени. Посетителот кој одбива да даде согласност за користење на неговите/нејзините податоци на "Земи Пари" или на трети лица, му/ѝ се нуди опција да забрани употреба на личните податоци.
Збирките на податоци се чуваат на уреди лоцирани во рамки на ЕУ. Информациите кои ги чуваме може да се споделуваат помеѓу вработените,
со што се обезбедува обработка и складирање на овие податоци. Со користење на оваа веб-страна, давате согласност за пренос и складирање
на ваквите податоци.
Податоците се чуваат во безбедни центри за податоци и секој пренос на податоци е шифриран, заради Ваша безбедност. Испраќањето на податоци
преку интернет не е целосно безбедно. Сепак, "Земи Пари" гарантира дека ги презема сите разумни мерки за заштита на информациите што ги
доставувате по електронски пат преку Вашиот профил.
Посетителот на веб-страната е одговорен за податоците кои ги испраќа електронски. Може да Ви биде дозволен пристап до делови од нашата
веб-страна, за кои е потребна лозинка. Одговорни сте за безбедноста и доверливоста на Вашите лозинки.
Во определени случаи, постои можност да ги направиме достапни Вашите податоци, но само на субјекти кои се поврзани со нас, а кои обезбедуваат
исто ниво на заштита со нивото кое го обезбедува "Земи Пари".
Со користењето на нашата веб-страна, се согласувате дека откривањето на податоци на трети лица може да биде, меѓу другото, и во следниве случаи:
Нашата веб-страна може да содржи линкови до веб-страните на трети лица. Овие веб-страни имаат сопствени правила за заштита и користење на личните податоци, коишто ги прифаќате кога ја посетувате соодветната веб-страна. Не преземаме никаква одговорност за наведените веб-страни на третите лица.
При посетата на оваа веб-страна и давањето на Вашите лични податоци и информации за контакт, се согласувате да ги добивате нашите комерцијални понуди, на некој од Вашите уреди за комуникација, преку било кој достапен дистрибутивен канал. Притоа, имате право да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на е-маил или друг комуникациски пат во секое време.
Во согласност со важечките законски одредби, имате право да барате: